Инсталирање
Правилно место за инсталирање
Прво прочитајте го делот „Упатства за безбедност“!
Контактирајте го овластениот сервис за инсталирање на производот. За да го подготвите поризводот за инсталирање, погледнете ги информациите во упатството за употреба и проверете дали електричниот и водниот систем се како што треба. Доколку не се, повикајте електричар и водоводџија за да ги уредите комуналните услуги по потреба.
- Оштетениот електричен кабел мора да го замени овластениот сервис.
- Кога поставувате два ладилници во соседна положба, оставете најмалку 4 см растојание помеѓу двете единици.
- Чувајте го производот подалеку од директна сончева светлина и на суво место.
- За да функционира ефикасно, на овој производ му треба соодветна циркулација на воздух. Ако го поставите производот во вдлабнатина во ѕидот, оставете најмалку 5 см простор меѓу производот, плафонот и ѕидовите. Проверете дали заштитната компонента што обезбедува доволно растојание од ѕидот е на своето место (ако е доставена со производот). Ако нема таква компонента или ако се изгубила или паднала, поставете го фрижидерот на таков начин што ќе има растојание од најмалку 5 сантиметри меѓу фрижидерот и ѕидот на собата. За да може фрижидерот да работи ефикасно, многу е важно зад него да има празен простор.
- Ако ширината на отворот на вратата е премногу тесен за да помине фрижидерот, извадете ја вратата и свртете го фижидерот странично; ако и тогаш не успеете да го пренесете, јавете се во овластениот сервис.
- Поставете го фрижидерот на рамна површина за да нема вибрации
- Поставете го фрижидерот на растојание од најмалку 30 см од грејач, шпорет и слични извори на топлина и на растојание од најмалку 5 см од електрични рерни.
- Не го изложувајте на директна сончева светлина и не го чувајте во влажни средини.
- Пред транспорт или употреба, не отворајте го капакот на контролната табла на производот. Има ризик од струен удар или пожар!
- Нашата фирма не презема одговорност за оштетувањата што ќе настанат ако производот се користи без заземјување и без да биде поврзан на електричната мрежа во согласност со националните регулативи.
- Приклучокот на електричниот кабел мора да биде лесно достапен по инсталирањето.
Предупредување за врела површина!
Страничните ѕидови на производот имаат цевки за разладување што го подобруваат системот за ладење. Течноста со висок притисок може да тече низ овие површини и да предизвика жешки површини на страничните ѕидови. Ова е нормално и нема потреба од сервис. Бидете претпазливи при контакт со овие делови..
Инсталирање на пластичните делови
Ставете ги пластичните делови приложени со овој производ за да обезбедите доволно простор за циркулација на воздух меѓу фрижидерот и ѕидот.
- Отстранете ги шрафовите на фрижидерот и зашрафете ги шрафовите што се приложени со деловите.
- Ставете 2 пластични дела на капакот за вентилацијата, како што е прикажано на сликата.

Приспособување на ногалките
Ако фрижидерот не е поставен рамно, израмнете ги предните приспособливи држачи вртејќи ги десно или лево.
