Инсталирање

Правилно место за инсталирање

Прво прочитајте го делот „Упатства за безбедност“!

Контактирајте го овластениот сервис за инсталирање на производот. За да го подготвите поризводот за инсталирање, погледнете ги информациите во упатството за употреба и проверете дали електричниот и водниот систем се како што треба. Доколку не се, повикајте електричар и водоводџија за да ги уредите комуналните услуги по потреба.

Предупредување за врела површина!

Страничните ѕидови на производот имаат цевки за разладување што го подобруваат системот за ладење. Течноста со висок притисок може да тече низ овие површини и да предизвика жешки површини на страничните ѕидови. Ова е нормално и нема потреба од сервис. Бидете претпазливи при контакт со овие делови..

Инсталирање на пластичните делови

Ставете ги пластичните делови приложени со овој производ за да обезбедите доволно простор за циркулација на воздух меѓу фрижидерот и ѕидот.

Приспособување на ногалките

Ако фрижидерот не е поставен рамно, израмнете ги предните приспособливи држачи вртејќи ги десно или лево.

За да ги приспособите вратите вертикално,

Олабавете ја навртката за прицврстување на долниот дел.. Завртете ја навртката за приспособување (CW/CCW) според положбата на вратата. Зацврстете ја навртката за прицврстување за конечната положба.

За да ги приспособите вратите хоризонтално,

Олабавете ја завртката за прицврстување на дното Олабавете ја навртката за прицврстување на врвот. Завртете ја завртката за приспособување (CW/CCW) на страната според положбата на вратата. Затегнете ја навртката за прицврстување на врвот за конечната положба Затегнете ја завртката за прицврстување на дното

Прицврстете го склопот на горната шарка со 3 завртки.
Поставете го капакот на шарката откако ќе ги поставите приклучоците.
Прицврстете го капакот на шарката со две завртки.