Инсталирање на HomeWhiz
Треба да се постави поврзување меѓу Вашиот производ и апликацијата за таа да функционира. Следете ги долунаведените чекори за да се воспостави поврзување.
- Ако додавате уред за првпат, допрете на картичката „Appliances (Уреди)’’ во апликацијата HomeWhiz. Изберете го копчето „ADD APPLIANCE (Додај уред)“ (допрете овде за поставување нов уред) во горниот десен агол. Направете го поставувањето следејќи ги и чекорите подолу и чекорите во апликацијата HomeWhiz.
- За да започнете со инсталирање, проверете дали машината е исклучена. Притиснете ги и држете ги копчињата за температура и далечинска контрола истовремено во траење од 3 секунди за ја префрлите машината во режим за поставување HomeWhiz.
- Кога сте во режим на поставување на HomeWhiz, на екранот се појавува анимација, а иконата за безжична врска трепка додека уредот не се поврзе на интернет. Само копчето за програми ќе биде активно во овој режим. Другите копчиња ќе бидат неактивни.
- Следете ги упатствата на екранот на апликацијата HomeWhiz.
- Почекајте да заврши инсталирањето. Кога ќе заврши инсталирањето, именувајте ја машината за перење. Сега се гледа производот што сте го додале во апликацијата HomeWhiz.


СООПШТЕНИЕ

Вашата машина за перење автоматски ќе се исклучи ако не можете успешно да го направите поставувањето во рок од 5 минути. Во тој случај, мора одново да го започнете процесот на поставување. Доколку проблемот продолжува, контактирајте со овластен сервисер.
Можете да ја користите машината за перење со повеќе од само еден паметен уред. За да го сторите тоа, преземете ја апликацијата HomeWhiz и на другите паметни уреди. Кога ќе ја стартувате апликацијата, ќе треба да се најавите со сметката што претходно ја создадовте и спаривте со Вашата машина за перење. Во спротивно, прочитајте го делот за поврзување со машина за перење којашто е поврзана со нечија друга сметка.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ


Апликацијата HomeWhiz може да бара да го напишете бројот на производот прикажан на етикетата на производот. Можете да ја најдете етикетата на производот во вратата на апаратот. Бројот на производот се наоѓа на етикетата.
