Прво прочитајте го ова упатство за употреба!

Драг кориснику,

Ви благодариме што го избравте производот на Beko .

Се надеваме дека ќе добиете најдобри резултати од Вашиот производ кој е произведен со висок квалитет и најсовремена технологија. Затоа внимателно прочитајте го целото упатство за употреба и сите други придружни документи пред да го користите производот.

Следете ги сите предупредувања и информации во упатството за употреба. Така се заштитувате себеси и Вашиот производ од можни опасности.

Задржете го упатството за употреба. Ако го предадете производот на некој, дајте го и упатството за употреба. Условите за гаранција, употребата и методите за решавање проблеми на производот се во упатството за употреба.

Симболи и дефиниции

Во упатството за употреба се користат следниве симболи:

Опасност што може да резултира со смрт или повреда.

Важни информации или корисни совети за употреба.

Прочитајте го упатството за употреба.

Рециклирачки материјали.

Предупредување за жешки површини.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Опасност што може да резултира со материјална штета на производот или неговата околина.