Користење детергент и омекнувач
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги упатствата на производителот на пакувањето кога користите детергенти, омекнувачи, штирак, средства за белење и обезбојување, средства против бигор и следете ги дадените информации за дозирањето. Користете мерилка ако има.

Фиоката за детергент се состои од три дела:
(1) за претперење,
(2) за главно перење,
(3) за омекнувач,
(
) дел со сифон во преградата за омекнувач,
(
) има апарат за течен детергент за употреба на течен детергент во главната преграда за перење.
Детергент, омекнувач и други средства за чистење
- Додајте детергент и омекнувач пред да ја вклучите програмата за перење.
- Не ја оставајте отворена фиоката за детергент додека е во тек програма за перење.
- Доколку користите програма без претперење, не ставајте детергент во преградата за претперење (преграда бр. 1).
- Доколку користите програма за претперење, стартувајте ја машината откако ќе додадете детергент во прав во преградите за претперење и главно перење (прегради 1 и 2).
- Не избирајте програма со претперење ако користите вреќичка или топка со детергент. Ставете ги топката или вреќичката со детергент директно меѓу алиштата во производот.
- Доколку користите течен детергент, следете ги упатствата во „Употреба на течен детергент“ и не заборавајте да го ставите апаратот за течен детергент во правилната положба.
Избор на вид детергент
Видот детергент што треба да се користи зависи од видот на ткаенината и бојата.
- Користете различни детергенти за обоени и бели алишта.
- Перете ги деликатните алишта само со специјални детергенти (течен детергент, шампон за волна, итн.) што се наменети само за деликатни алишта.
- Се препорачува употреба на течен детергент за перење темно обоени алишта или прекривки.
- Перете волна со посебни детергенти направени специфично за волна.
- Прегледајте го делот за описи на програми за предложената програма за различни текстили.
- Сите препораки за детергенти се важечки за температурниот опсег на програмите што може да се избере.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Треба да се користат само детергенти, омекнувачи и адитиви погодни за машини за перење.
Не користете сапун во прав.
Прилагодување на количината на детергент
Количината на детергентот зависи од количината на алиштата за перење, колку се извалкани и тврдоста на водата.
- Не ги надминувајте препорачаните вредности на дозирање на пакувањето на детергентот за да се решат проблемите со прекумерна пена и слабо плакнење, за да заштедите пари и да ја заштитите животната средина.
- Користете помали количини детергент за помалку извалкани алишта, особено во области со мека вода.
Употреба на омекнувачи
Ставете омекнувач во преградата за омекнувач во фиоката за детергент.
- Не надминувајте го нивото (>max<) што е означено во преградата за омекнувачот.
- Ако омекнувачот не е течен, разредете го со вода пред да го ставите во преградата за омекнувач.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не користете течни детергенти или други материјали со својства за чистење освен ако не се наменети за употреба во машина за перење за омекнување на алиштата.
Употреба на течни детергенти
Ако производот има апарат за течен детергент
- Притиснете и завртете го апаратот на местото каде што е прикажано кога сакате да користите течен детергент. Делот што паѓа надолу ќе послужи како бариера за течниот детергент.
- Исчистете со вода кај неговото место или извадете го од неговото место кога е потребно. Не заборавајте да го ставите апаратот во главната преграда за перење (преграда бр. 2) по чистењето.
- Апаратот треба да биде поставен нагоре ако користите детергент во прав.

Употреба на детергент во гел и во форма на таблета
- Ако детергентот е течен и нема преграда за течен детергент во Вашиот производ, ставете го детергентот во гел во преградата за главно перење во првото примање вода. Ако производот има преграда за течен детергент, наполнете ја преградата со детергент пред да ја вклучите програмата.
- Ако детергентот во гел не е течен или е во форма на таблета со течен детергент, ставете го директно во барабанот пред перење.
- Ставете го детергентот во форма на таблета во преградата за главно перење (преграда бр. 2) или директно во барабанот пред перење.
Употреба на штирак
- Ставете течен штирак, штирак во прав или фабричка боја во преградата за омекнувач.
- Не користете омекнувач и штирак во иста програма на перење истовремено.
- Избришете ја внатрешноста на производот со влажна и чиста крпа по употреба на штирак.
Употреба на средство против бигор
- По потреба, користете само средство против бигор направено за машини за перење.
Употреба на средства за белење и обезбојување
- Изберете програма со претперење и додајте белило на почеток на претперењето. Не ставајте детергент во предградата за претперење. Како алтернатива, изберете програма со дополнително плакнење и додајте белило додека производот прима вода во преградата за детергент за време на првиот чекор на плакнење.
- Не ги мешајте и не користете белило и средство за обезбојување заедно.
- Бидејќи белилото може да предизвика иритација на кожата, користете само мали количини (1/2 филџан за чај - приближно 50 мл и добро исплакнете ги алиштата.
- Не истурајте го белилото директно врз алиштата.
- Не користете белило за алишта во боја.
- Изберете програма за перење со ниска температура кога користите средство за обезбојување на база на кислород.
- Средствата за обезбојување на база на кислород може да се користат заедно со детергент. Меѓутоа, доколку ја нема истата вискозност како детергентот, прво ставете го детергентот во преградата бр. „2“ во фиоката за детергент и почекајте производот да го исплакне детергентот за време на внесувањето вода. Додадете го обезбојувачот во истата преграда додека машината продолжува да внесува вода.