Подготовка на алиштата за перење
- Алиштата со метални предмети како што се жици, ремени или метални копчиња ќе го оштетат производот. Тргнете ги металните делови или перете ги алиштата ставени во вреќичка за перење или во навлака за перница.
- Извадете ги сите предмети од џебовите, како што се монети, пенкала или спојувалки и превртете ги џебовите нанадвор и исчеткајте ги. Таквите предмети може да го оштетат производот и да предизвикуваат проблем со бучава.
- Ставете ги малите алишта, како што се бебешките чорапчиња или најлонските чорапи во вреќичка за перење или во навлака за перница.
- Ставете ги завесите внатре без да ги притискате. Извадете ги деловите за закачување на завесите. Деловите за закачување на завеси може да предизвикаат влечење и кинење на завесата.
- Закопчајте ги патентите, зашијте ги разлабавените копчиња и искинатите делови на алиштата.
- Перете ги производите со етикети „може да се пере во машина“ или „рачно перење“ само на соодветна програма.
- Не перете обоени и бели алишта заедно. Нови, темно обоени памучни ткаенини може да испуштат многу боја. Исперете ги посебно.
- Тврдокорните дамки мора да се третираат соодветно пред перење.
- Перете ги панталоните и деликатните алишта превртени наопаку.
- Алиштата на коишто има материјали како брашно, прашина од бигор, млеко во прав, итн. мора прво да се истресат пред да се стават во производот. Правта од алиштата може со време да се налепи на внатрешните делови на производот и да го оштети.