Поврзување на одводното црево со одводот
- Прикачете го крајот на одводното црево директно со одводот на вода, лавабо или када.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Куќата ќе се поплави доколку одводното црево за вода се измести при испуштањето на вода. Постои и ризик од горење поради високите температури на перење. За да спречите вакви ситуации и да бидете сигурни дека Вашата машина без проблем ги извршува процесите на полнење и празнење, добро прицврстете го одводното црево.
- Поврзете го одводното црево на минимална висина од 40 cm и максимална висина од 100 cm.
- Инсталирањето на одводното црево за вода на ниво на земјата или блиску до подот (40 см подолу), а потоа подигање на истото го отежнува испуштањето вода, а алиштата може да излезат многу влажни. Затоа следете ги висините што се дадени на сликата.
- За да спречите отпадната вода повторно да се врати во производот и да се обезбеди лесно одводнување, не потопувајте го крајот на цревото во отпадната вода или не ставајте го во одводот повеќе од 15 см. Доколку е предолго, скратете го.
- Крајот на цревото не смее да биде превиткан, нагазен ниту цревото треба да биде притиснато меѓу одводот и машината. Во спротивно, може да се појават проблеми со испуштањето вода.
- Ако должината на цревото е многу кратка, додајте оригинално црево за продолжување. Вкупната должина на цревото не треба да биде подолга од 3,2 м. За да спречите протекување на вода, секогаш прицврстувате го поврзувањето меѓу продолжното црево и одводното црево на производот со соодветен стегач за да не се откачи и да предизвика протекување.
