Правилно место за инсталирање
Контактирајте го овластениот сервис за инсталирање на производот. За да го подготвите поризводот за инсталирање, погледнете ги информациите во упатството за употреба и проверете дали електричниот и водниот систем се како што треба. Доколку не се, повикајте електричар и водоводџија за да ги уредите комуналните услуги по потреба.
- Поставете го фрижидерот на рамна површина за да нема вибрации
- Поставете го фрижидерот на растојание од најмалку 30 см од грејач, шпорет и слични извори на топлина и на растојание од најмалку 5 см од електрични рерни.
- Кога поставувате два ладилници во соседна положба, оставете најмалку 4 см растојание помеѓу двете единици.
- Чувајте го производот подалеку од директна сончева светлина и на суво место.
- За да функционира ефикасно, на овој производ му треба соодветна циркулација на воздух. Ако го ставите производот во беседка, не заборавајте да оставите растојание од најмалку 5 cm помеѓу производот и таванот, задниот ѕид и страничните ѕидови.
- Проверете дали заштитната компонента што обезбедува доволно растојание од ѕидот е на своето место (ако е доставена со производот).
- Ако нема таква компонента или ако се изгубила или паднала, поставете го фрижидерот на таков начин што ќе има растојание од најмалку 5 сантиметри меѓу фрижидерот и ѕидот на собата. За да може фрижидерот да работи ефикасно, многу е важно зад него да има празен простор.