Правилно место за инсталирање
Контактирајте го овластениот сервис за инсталирање на производот. За да го подготвите поризводот за инсталирање, погледнете ги информациите во упатството за употреба и проверете дали електричниот и водниот систем се како што треба. Доколку не се, повикајте електричар и водоводџија за да ги уредите комуналните услуги по потреба.
- Поставете го фрижидерот на рамна површина за да нема вибрации
- Поставете го фрижидерот на растојание од најмалку 30 см од грејач, шпорет и слични извори на топлина и на растојание од најмалку 5 см од електрични рерни.
- Кога поставувате два ладилници во соседна положба, оставете најмалку 4 см растојание помеѓу двете единици.
- Чувајте го производот подалеку од директна сончева светлина и на суво место.
- Проверете дали заштитната компонента што обезбедува доволно растојание од ѕидот е на своето место (ако е доставена со производот).