Безбедност со електриката
- Производот не смее да се вклучува во штекер за време на инсталација, одржување, чистење, поправка и транспортни активности.
- Ако кабелот за напојување е оштетен, тој мора да биде заменет од лице испратено од производителот, овластениот сервисер или увозникот за да се спречи каква било потенцијална опасност.
- Не пикајте го кабелот под производот или на задниот дел од производот. Не ставајте тешки предмети на кабелот. Кабелот за напојување не треба да биде свиткан, згмечен и да дојде во контакт со извор на топлина.
- Користете само оригинален кабел. Не користете исечени или оштетени кабли.
- Не користете продолжен кабел, мулти-приклучница или адаптер за производот.
- Мобилните мулти-приклучници или други слични електрични производи можат да се прегреат и да предизвикаат пожар. Затоа, не користете мулти-приклучница, мобилни електрични извори зад или во близина на производот.
- Пред да го вклучите производот во изворот на енергија, отстранете го кабелот за напојување од куката на кондензаторот (ако има) за време на инсталацијата.
- Корисникот не треба да може да допре до електричните делови по инсталацијата.
- Не го вклучувајте кабелот во лабав или оштетен штекер. Овие типови приклучоци може да се прегреат и да предизвикаат пожар.
- Штекерот треба да е лесно достапен. Ако тоа не е можно, треба да се инсталира механизам кој е во согласност со соодветните закони за струја, а кој ги исклучува сите терминали од главниот извор на струја (осигурувач, прекинувач, главен прекунувач итн.
- Производот не смее да се ракува со надворешен уред со прекинувач, како што е тајмер, или далечински управуван систем.
- Не користете го производот кога Вашите стапала се голи или Вашето тело е влажно.
- Не допирајте го штекерот со мокри раце.
- Кога го исклучувате апаратот, не држете го кабелот, туку штекерот.
- Погрижете се штекерот да не е влажен, валкан или со прашина.
- Не поврзувајте го производот со уреди за заштеда на струја. Таквите системи се штетни за производот.