Безбедност на деца, ранливи личности и миленици
- Овој уред може да го користат деца од 8-годишна возраст и лица со намалени физички, сензорни или ментални капацитети или лица кои немаат искуство и знаење, под услов да бидат под надзор или да им се дадени упатства во врска со безбедно користење и да ги разбираат вклучените опасности.
- Дозволен е деца на возраст од 3 до 8 години да вадат и ставаат храна од/во производот за разладување.
- Децата и домашните миленици не смеат да си играат со производот, да се качуваат или да влегуваат во него.
- Децата и домашните миленици мора да се држат настрана од просторот на кабината (компресорот) каде што се наоѓаат електричните делови.
- Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не смее да го прават деца освен ако некој не ги надгледува.
- Чувајте ги материјалите од пакувањето настрана од деца. Постои ризик од повреда и од гушење.
- Ако има брава на вратата на производот, чувајте го клучот подалеку од дофат на деца.