Безбедност при инсталирање
- За да го подготвите поризводот за употреба, погледнете ги информациите во упатството за употреба и инсталација и проверете дали електричниот и водниот систем се како што треба. Доколку не се, повикајте квалификуван електричар и водоводџија за да ги уредите комуналните услуги по потреба.
- Доколку не го сторите тоа, може да дојде до електричен удар, пожар, проблеми со производот или повреда.
- Пред да започнете со инсталацијата, исклучете го осигурувачот за да ја исклучите електричната линија на која е приклучен производот.
- Производот треба да го инсталираат две или повеќе лица. Користете заштитни ракавици додека го отстранувате производот од пакувањето и при инсталацијата.
- Овој производ е дизајниран за употреба на максимум 2000 метри надморска висина.
- Држете ги децата подалеку од местото за инсталација.
- Пред да го инсталирате, проверете дали производот е оштетен. Не инсталирајте го производот ако е оштетен.
- Секогаш користете лична заштитна опрема (ракавици, итн.) за време на инсталацијата, одржувањето и поправката на производот. Ризик од повреда.
- Не го инсталирајте или оставајте производот на места каде што може да биде изложен на надворешни температури на околината.
- Ставете го производот на чиста, рамна и цврста површина и израмнете го со приспособливи ногалки.(со ротирање на предните ногалки надесно или налево). Инаку, фрижидерот би можел да се преврти и да предизвика повреди.
- Продолжете внимателно за да спречите оштетување на подот (плочки итн.) додека го преместувате производот. Инсталирајте го производот на под или обезбедете доволно поддршка во зависност од големината, тежината и употребата на производот. Погрижете се производот да не се наоѓа во близина на извор на топлина, а сите четири ногалки да бидат стабилни и потпрени на подот. Инсталирајте го производот по потреба и проверете дали е хоризонтален, користејќи либела. За да се обезбеди целосна ефикасност на колото на течноста за ладење, почекајте најмалку два часа пред да го пуштите производот во погон.
- Производот треба да се инсталира во сува и вентилирана средина. Не ставајте ќилими, черги или слични прекривки под производот. Тоа може да претставува ризик од пожар поради нессодветна вентилација!
- Не блокирајте или прекривајте ги дупките за вентилација. Во спротивно, потрошувачката на енергија ќе се зголеми, а производот може да се оштети.
- Оставете доволно простор од страните и горе за да обезбедите соодветна вентилација. Просторот помеѓу задниот панел и ѕидот зад производот мора да биде минимум 50 мм за да се спречи површините да се вжештат. Намалувањето на ова растојание може да ја зголеми потрошувачката на енергија на производот.
- Кога го поставувате производот, погрижете се кабелот за напојување да не е оштетен или приклештен.
- Производот не смее да биде поврзан со системи за напојување и извори на енергија што може да предизвикаат ненадејни промени на напонот (т.е. пренослив извор на енергија од соларна енергија). Инаку, може да дојде до оштетување на производот поради нагли волтажни флуктуации!
- Колку повеќе агенс за разладување содржи фрижидерот, толку поголем треба да биде просторот во кој е инсталиран. Во многу мали соби, може да се создаде мешавина на гас и на воздух во случај да има истекување на гас во системот за ладење. Волумен од најмалу 1 m³ е потребен за секои 8 грама агенс за разладување. Количината на агенсот за разладување достапен во вашиот производ е надведен во етикетата за видот.
- Производот никогаш не смее да се поставува на таков начин што каблите за напојување, металното црево на шпоретот на гас, металните цевки за гас или вода да дојдат во контакт со задниот ѕид на производот (или кондензаторот).
- Местото за инсталирање на производот не смее да биде изложено на директна сончева светлина и не треба да биде во близина на извор на топлина како што се шпорети, радијатори итн. Ако не можете да спречите инсталирање на производот во близина на извор на топлина, употребете соодветна изолациска плоча и проверете дали минималното растојание до изворот на топлина е како што е наведено подолу:
- Најмалку на растојание од 30 сантиметри од извори на топлина како што се шпорети,, единици за затоплување и загревање итн.
- Најмалку на растојание од 5 сантиметри од електрични шпорети.
- Вашиот производ има I класа на заштита.
- Приклучете го производот во заземјен штекер кој е во согласносст со волтажата, електричната струја и фреквенциите наведени во етикетата за видот. Приклучокот мора да има осигурувач од 10A – 16A. Нашата фирма не презема одговорност за оштетувањата што ќе настанат ако производот се користи без заземјување и без да биде поврзан на електричната мрежа во согласност со локалните и националните регулативи.
- Електричниот кабел на производот мора да е исклучен за време на инсталирањето. Инаку, постои ризик од струен удар и повреда!
- Не приклучувајте го производот во разклатени, скршени, валкани, измастени приклучници излезени од своите места или приклучници кај кои има ризик да дојдат во допир со вода. Овие типови приклучоци може да се прегреат и да предизвикаат пожар.
- Ставете ги кабелот и цревата на производот (доколку ги има) така што нема да претставуваат ризик од сопнување.
- Ако навлезе влага и течност во деловите со струја или во кабелот, може да дојде со краток спој. Затоа, не користете го производот во влажни средини или во области каде што може да дојде до прскање на вода (на пример гаража, просторија за перење, итн.) Ако фрижидерот е мокар, извадете го штекерот и контактирајте овластен сервис.
- Не поврзувајте го фрижидерот со уреди за заштеда на струја. Таквите системи се штетни за производот.
- Постои ризик од контакт со електрични делови при отстранување на капакот на електронската плоча и задниот капак на компресорот (ако го има). Не го отстранувајте капакот на електронската плоча и задниот капак на компресорот (ако го има). Постои ризик од струен удар!